Home » Uncategorized @mk » Франција: Интернет законот за пиратерија „3 опомени“ одбиен од парламентот

Франција: Интернет законот за пиратерија „3 опомени“ одбиен од парламентот

Четвртокот на 09.04.2009 францускиот парламент го одби предлог-законотХадопи (la Haute Autorité pour la diffusion des œuvres et la protection des droits sur internet) со неуспехот (21-15) на владејачката партија да го изгласа законот.

Законот предложува две опомени и тогаш, по третиот прекршок, исклучување од интернет до една година за интернет корисниците кои се фатени дека илегално превземале фајлови (музика или филмови).

Предлог-законот беше доставен од двете партии и се што остануваше беше тие да го ратификуваат финалниот текст, но „15 социјалисти дискутираа за тоа во ходникот и во последен момент решија да го одбијат законот.“

Музичката и филмската индустрија ги притискаа владата и интернет сервис провајдерите да ги исклучат или суспендираат сервисите за peer-to-peer споделување, бидејќи им наштетува на приходите на артистите и продуцентските компании, но неуспехот се случи после слични отфрлања во Велика Британија, Нов Зеланд, Германија, па дури и Европскиот парламент.

Во нивниот дел, Саркози изјави дека тој бил одлучен да се донесе законот и ја обвини опозицијата за манипулација на парламентот.

Министерот за култура планира повторно да го стави на дневен ред предлог-законот на 27 април.

Интернационалната федерација за фонографска индустрија и светската копија на RIAA, изјави дека ќе продолжи да лобира за донесување на францускиот закон „3 опомени“.

תגובות

תגובות

This post is also available in: enEnglish

Written by ד"ר טל פבל

Tal Pavel, Ph.D., Middle Eastern Studies. Lecturer, commentator, researcher. Expert on technology, Internet and Cyber in the Middle East and the Islamic world. Owner of the Middleeasternet.com website.